Орбан: Мир во Украина само преку договор Русија-САД

Сподели со своите пријатели

Западната воена стратегија во однос на руско-украинскиот конфликт не функционира, а мирот во Украина може да се постигне само преку разговори со Русија и САД, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Loading...

„Западната воена стратегија не функционира, не успеа“, рече тој, додавајќи дека шансите за мир во Украина се мали без преговори меѓу Русија и Америка, пренесе ТАС С.

Орбан ја отфрли идејата дека украинската војска може да ја победи Русија, нарекувајќи ја илузија.

Според него, санкциите на ЕУ, кои имаат за цел да ја дестабилизираат Русија, исто така не функционираат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто Шолц не сака да испорача Таурус во Украина?

„Целиот свет не е обединет против Русија“, нагласи Орбан, пренесува Танјуг.

Според Орбан, во оваа ситуација потребно е да се работи на нов европски безбедносен систем.

„Оган не се гаси со фрлач на пламен. Америка има клучна улога. Западот е полу-вмешан во војната, мора да се договори нов европски безбедносен систем, а бидејќи ЕУ нема своја обединета армија, мора да очекуваме да дојде до стабилност како резултат на руско-американскиот договор“, додаде Орбан.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

Loading...