Општинскиот штаб за заштита и спасување денска одржа состанок во однос на дупката која во петок се отвори во дворот на семејството Азировиќ во населбата Перо Чичо во Куманово.
Како што стои во заклучокот локалната самуправа не е надлежна, бидејќи станува збор за подземен објект кој е во надлежност на Република Северна Македонија.
– Се препорачува сопственикот на куќата да превземе мерки на претпазивост и обезбедување на просторот околу отворот кој се наоѓа на земјиште во негова сопственост, за да не дојде до несакани последици. Општина Куманово се обврзува да ги информира надлежните институции на централно ниво за надминување на ново настанатата ситуација, стои во заклучокот.
Воедно на денешната седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, разгледана е и моменталната состојба со пожарите, при што е донесен заклучок дека е постапено по сите точки.