Општина Куманово започна проект за кохезија на бегалци и мигранти со локалното население

Сподели со своите пријатели

Проектот „URGENT“ кој го реализира секторот за евроинтеграции и меѓународна соработка при Општина Куманово, заедно со единаесет други партнери, а со финансиска поддршка од фондот „Европа за граѓани“ и реализација од страна на агенцијата за локална демократија АЛДА, од неодамна започна да работи на проект за т.н урбана регенерација и олеснување на процесот на кохезија помеѓу маргинализираните групи (бегалци, раселени лица и мигранти) со локалното население.

Бидејќи живееме во време на растечки евроскептицизам, проектот е замислен да го намали тој диспаритет помеѓу маргинализираните групи во општеството кои се оставени сами на себе во населби одделени од градот, односно да го намали диспаритетот помеѓу локалното население и тие маргинализирани и ранливи групи. Проектот повеќе се сведува на квалитативни анализи и конкретни локални активности пропишани во договорот. На секој период од шест месеци се одржува интернационална активност каде се дефинира што ќе се работи врз основа на спроведените претходни анализи – вели Кристијан Стојановиќ, проект менаџер од Општина Куманово.

Проектот моментално се наоѓа во втората фаза, а до сега имаше две интернационални активности, од кои едната во Стразбург, а другата во Венеција. Наскоро се очекува партнер проектите да ја посетат и Општина Куманово.

Самата вредност на проектот изнесува околу 700-800 илјади евра, а вклучени се осум различни земји, т.е единаесет различни општини, меѓу кои спаѓаат Шпанија, Италија, Франција, Словенија, Грција, Бугарија, т.е останатите партнери се универзитети од истоимените држави – изјави Стојановиќ.

Претставници од општината изминатиот месец присуствуваа во Венеција, каде по завршување на проектните активности се стекнаа со искуства и знаења кои се комплементарни со нивниот делокруг на работа и ќе им послужат во справување со идни проблеми и предизвици од слична тематика како и давање придонес во потенцијално редефенирање на политиките од таа област.