Општина Куманово вечерва по петти пат спроведе аеросолна метода за намалување на загадувањето (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово вечерва по петти пат организираше аеросолизација во рамки на акцискиот план за намалување на аерозагадување во градот. Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски изјави дека методата придонесува за намалување на аерозагадувањето.

– Со оваа метода досега констатиравме дека намалувањето на загадувањето на местата каде што се врши аеросолизацијата се спушта дури и до 65 проценти, изјави Димитриевски.

Тој најави дека општината ќе продолжи со примена на оваа метода. Аеросолизацијата почна да се применува на фрекфентните сообраќајници пред недела дена во соработка со Факултетите за информатички и комуникациски технологии и за земјоделски науки и храна, ЈП „Чистота и Зеленило“, СВР Куманово, надлежните инспекциски служби и приватни субјекти кои ја поддржуваат акцијата.

 

Loading...

 

Причините за загадувањето се уште не се утврдени, вели Димитриевски, но според првичните проценки, повисок степен на загадување има во одредени делови од градот каде што граѓаните користат несоодветен материјал за согорување и во централното градско подрачје каде најголемо влијание има сообраќајот.

Што се однесува до гасификацијата, вели Димитриевски, во наредниот период, општината ќе подготви стратегија за целосна гасификација на сите јавни претпријатија и институции, потсетувајќи дека поголем број од јавните општински објекти веќе користат гас за затоплување.

Паралелно, додаде се одвива и процесот на приклучување на домаќинствата, но констатираше дека се потребни повеќе средства за докапитализација на јавното претпријатие „Куманово-Гас“ и дека е потребно да се поедностави процесот за прибирање документи за реализирање проектна документација за приклучок на домаќинствата. Димитриевски потенцираше дека има интерес кај граѓаните во деловите од градот каде е инсталирана мрежата и потесети дека општината субвенционира нов приклучок за домаќинствата со 150 евра.

 

 

Градоначалникот Димитриевски вечерва се извини и за доцнењето на средбата со министерот без ресор Аксел Ахмедоски, откако дел од медиумите пренесоа партиска реакција на ПЦЕР дека градоначалникот го оставил министерот да чека.

– Менаџирањето на општината е жива материја, искрено жалам поради незадоволството на министерот. Ја користам оваа прилика да му се извинам, рече Димитриевски.

Тој најави дека во наредниот период лично ќе го посети министерот, потенцирајќи дека ненамерно го оставил да чека. Димитреивски појасни дека министерот имал закажано состанок и оти бил примен од неговите соработници, но дека поради потребите на група граѓани, бизнисмени кои инсистирале на итна средба го замолил министерот за трпение и да го почека да го заврши состанокот со бизнисмените.

– Сакам да кажам без разлика на нашите позиции, мојот приоритет се граѓаните на Куманово и секогаш испраќам порака до носителите на јавните и политички функции дека во мојот мандат како градоначалник секогаш приоритет ќе имаат граѓаните на општина Куманово во однос на останатите. Но уште еднаш, потенцирам искрено жалам за мое доцнење на состанокот, бидејќи претходно бев спречен, рече Димитриевски. / МИА

Leave a Reply