Општина Куманово сè уште нема одобрение за поставување видеонадзор

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово веќе трета година води постапка за добивање на одобрение за поставување на видеонадзор на јавните прометни површини, но засега нема резултат поради законските процедури за заштита на личните податоци, информираше денеска кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Loading...

Тој ќе иницира постапка за менување на законодавството за да може да се постави видеонадзор на одредени површини особено онаму каде што често се оштетува општинскиот имот.

-Видеонадзор во Македонија има поставено само во Кавадарци и истиот проект е во реализација на Министерството за внатрешни работи. Веќе трета година водиме постапка за добивање на одобрение за поставуавње на видеонадзор на јавните површини и сè уште немаме резултат од тоа, затоа што законодвството е такво какво што е во делот на заштита на личните податоци. Но се надевам дека преку локалните претставници на извршната власт на централно ниво ќе успееме и дел од законодавството да го приспособиме на нашите потреби за да можеме да имплементираме таков проект, изјави Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тошковски и Дачиќ најавија помалку чекање на ГП Табановце

Општината секоја година предвидува средства во буџетот за поставување видеонадзор на одредени локации, но сè уште нема документ и потребна документација, согласност од надлежни институции за имплементација на проектот.

-Со последната одлука за поставување на видеонадзор на градската депонија каде што одвоивме средства за тоа и за оградување на депонијата, доаѓам до заклучок дека јас во овој момент како градоначалник треба да поставам видео надзор на градска депонија, а не можам во централно градско подрачје каде што секојдневно се уништува скапиот имот на општината, изјави Димитриевски.

Речиси секојдневно има случаи на уништување на урбана опрема, садници кои се мета на вандали. Граѓаните бараат видеонадзор, проактивно дејствување на локалните и централните власти и санкционирање на сторителите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На Спомен Костурница одбележан „11 Октомври“ (ФОТО)

МИА