Општина Куманово се подготвува за зимско одржување на улиците

Сподели со своите пријатели

Куманово ќе биде поделено на три зони за зимско одржување на улиците, дел од средствата ќе бидат заштедени, бидејќи е набавена опрема преку долгорочно задолжување, информираа надлежните.

Loading...

Во моментов распишан е јавен тендер за избор на економски оператор за зимско оддржување на улиците.

– Вкупниот износ на средства коишто ги користевме во минатото, за зимско одржување во моментов се преполовени и доделени на ЈП „Чистота и Зеленило“ кои претпријатието ќе ги користи дел за одржување на јавни прометните површини и тротоари во централно градско подрачје, во близина на училишта и дополнително дел од средствата за обезбедување на дополнителни материјали за зимско одржување, сол, изјави кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

Тој изрази задоволство што е пристигната опремата за зимско одржување која општината ја набави преку долгорочно задолжување од Светска банка.

– Таа ни е ставена на располагање. Во текот на следниот месец, ќе се донесат одлуки за да биде доделена на ЈП, дополнително да се регистрираат возилата, нивна промоција кога ќе се комплетираат со целата документација ќе биде ставена во функција. Куманово ќе ја има најдобрата опрема за зимско одржување. Не било случај досега да поседуваме таква опрема, додаде Димитриевски.

Набавена се три возила коишто имаат специјална намена за чистење на снегот во зимски услови. Кумановските претпријатија имаа и друга опрема со која ќе се спроведува зимското оддржување.

– Она што сакам да го напоменам дека зимското одржување нема да имаме сами капацитет во целост, градот е поделен на три реони, прва, втора, трета зона ќе мора да користиме дополнителен оператор сепак, сметам дека ќе обезбедиме над 50 проценти заштеда кои ги дадовме средствата на ЈП, изјави Димитриевски.

Специјалните возила и работните машини се дел од под-заем со Министерство за финансии, во рамките на средствата обезбедени со проектот подобрување на општинските услуги финансиски поддржан со заем од Светска банка, во висина 63 милиони 754 илјади 712 денари, со цел финансирање на капитален проект, односно набавка на 12 возила за четири јавни претпријатија.

Loading...

Општина Куманово обезбеди и грант средства преку долгорочно задолжување преку Светска банка со кои ќе набави опрема за одржување, складирање, транспорт и изнесување на смет, донесоа одлука советниците на седница на советот на општина Куманово во декември, лани.

Средствата, во износ од 16 милиони 961 илјада 085 денари, (275.790 евра) појаснија надлежните од секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, се обезбедени во рамки на проект за подобрување на општинските услуги (МСИП 2) финансиран со заем на Меѓународна банка за обнова и развој (Светска Банка) како резултат на успешно реализиран потпроект.

МИА