Општина Куманово распиша оглас за слободни работни места на проект

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово распиша Јавен Оглас за Општинско корисна работа заради  пријавување за работно ангажирање во Проектот ,,Образование на роми и на возрасни лица со интелектуална попреченост”.

Loading...

Проектот  ,,Образование на роми и на возрасни лица со интелектуална попреченост” ќе се реализира во рамки на Програмата Општинско- корисна работа –  2015 која  има за цел да овозможи социјално вклучување на невработени лица преку нивно ангажирање со скратено работно време – 20 работни часа неделно, заради стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазар на труд.

Месечниот надомест ќе изнесува 6.200,00 денари за лице, со вклучени персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување ( ако лицето е корисник на социјална парична помош истата не му се укинува ). Програмата Општинско- корисна работа, исто така, има за цел преку обезбедување на услуги од социјалната сфера  да им помогне на  лицата кои живеат на територијата на локалната самоуправа.

Целни групи на невработени лица кои можат да се  ангажираат во проектот се Роми, млади невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 6 месеци и Родители на деца со пречки во развојот.

Работните  места  и  потребните  квалификации за истите се:

1.Професор по физичко образование или спортски тренер – Секојдневно држење на настава/часови по физичко образование на следните теми : Вежби за правилен физички развој ; Атлетика ; Кошарка ; Фудбал ; Гимнастика ; Танци и ора ; Одбојка  – 2 извршители.

2. Професор / Учител за културно уметнички активности – Секојдневно држење на настава/часови по музичко образование на следните теми : Слушање на музика ; Пеење ; Народно музичко творештво ; Музичка писменост – 2 извршители.

3. Учител за животни вештини – Работа по посебна веќе изготвена програма за животни вештини и план за работа – 1 извршител

Loading...

4. Учител / ка – Развој на програма и план за работа со лица со попреченост на нивно описменување 2 извршители.

5. Дрворезач – Спроведување на обука за оспособување за работа со специјална машина за дрворез – 1 извршител.

6. Ментор за упис на ромски деца во основни училишта – Работа на терен – 1 извршител

7. Ментор за евидентирање на возрасни лица –роми без основно образованиеРабота на терен – 1 извршител.

8. Ментор за дистрибуција на согласност на родители за изучување на ромскиот јазик– Работа на терен – 1 извршител.

9. Ментор за деца-роми со попреченост– Работа на терен – 1 извршител.

10. Ментор за враќање на ромските деца во основните училишта – Работа на терен – 1 извршител.

11. Асистент на програмата за ОКР – Асистирање на Општинскиот проектен координатор – 2 извршители.

Loading...

 

Работното ангажирање ќе започне од  01.06.2015 година и  ќе трае до завршување на Проектот.

Сите заинтересирани  кандидати  да се јават во АВРМ-Центар за вработување-Куманово, каде што ќе пополнат Пријава   за учество во програмата за Општинско Корисна Работа и Изјава за согласност од невработеното лице.

 

 

 

Leave a Reply