Општина Куманово прогласи Ден на жалост

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово на денешната вонредна седница едногласно утрешниот ден (вторник) го прогласи за ден на жалост на територијата на Општината.

Loading...

Ваквата одлука следува по вчерашниот трагичен настан кога во семеен дом во селото Романовце, по експлозија на плинска боца животот го загубија четири лица, од кои три малолетни.

Со одлуката на советот, сите знамиња утре ќе бидат спуштени на половина копје, а културните и спортски манифестации се откажуваат.

Градоначалникот Максим Димитриевски, апелираше надлежните да излезат со детали во јавноста за тоа што ја причинило несреќата, а на семејствата Алими и Сакипи кои останаа без своите најмили, им упати длабоко сочувство.

– Куманово денеска е заедно со семејствата Алими и Сакипи, она што вчера се случи е еден немил настан кој се случува во 21 век, а истрагата треба да покаже од кои причини. Апелирам надлежните органи да ја утврдат фактичката состојба и да излезат со детали во јавноста и ја користам приликата од мое име и од граѓаните да изразам најдлабоко сочувство до двете семејства и членовите на семејствата Сакипи и Алими, бидејќи според нашите сознанија кои официјално и од медиуми ги добиваме се работи за еден трагичен настан во кој наши сограѓани ги изгубија своите животи,а  притоа и веројатно не биле свесни во моментот што всушсност се случува. Воедно ја искажувам мојата поддршка до семејствата и посакувам на сите оние кои се на закрепнување или се борат за своите животи да ги надминат овие тешки моменти, а ние сите заедно сме денеска со нив и нивните семејства, рече Димитриевски.

Како што додаде Димитриевски, општината е на располагање да им помогне на семејствата, а граѓаните се сплотени без разлика на етничката, верската или политичката припадност.

– Сакам да ја искажам намерата на општината и граѓаните, бидејќи во овие моменти сите сме сплотени без разлика на етничка, верска и политичка припадност, дека сите сме со овие семејства и стоиме на располагање да помогнеме во секој момент институционално и вонинституционално, за да ги ублажиме болката на членовите на семејството, а воедно на сите кумановци бидјеќи се работи на несекојдневен настан кој не само што не растревожи сите, туку не потсетува да видиме каде сме ние во овие турбуленти времиња, каде поради елементарна невнимателност, а можеби и пропусти во употреба на различни апарати се исложуваме самите себе си. Се надевам дека ова ќе биде последна седница на која ќе прогласуваме Ден на жалост, изјави Димитриевски.

Во својот крајно емотивен говор и со солзи во очите, претседателката на Советот Атина Мургашанска, им упати поддршка на семејствата и порача дека во рамките на своите надлежности општината и материјално и финансиски ќе пружи помош.

Loading...

– Кога ќе загубите близок член на семејството, болката е огромна и треба време да помине за повторно да продолжите со својот живот и да ја гледате иднината на остнатите членови на семејството. Верувам дека овие семејства се во исклучително тешка состојба, но сите ние како граѓани без разлика на етничка, верска, политичка определба, каде живееме или работиме, сочувствуаме со нив, се обидуваме да ја споделиме нивната тага и болка, рече Мургашанска.

Емотивен говор од салата на Советот на Општина Куманово имаше и советничката Наиле Османи, која воедно е лекар во кумановската болница и вчера сведочела за целиот настан.

– За жал за еден трагичен настан, изразувам длабоко сочувство, вчера бев директно инволвирана како и многу други лекари од болницата кои беа таму да им помогнеме на хирурзите, бидјеќи бројот на настраданите беше голем и е ретко виден во болницата, сликата беше тешка, а болката беше многу голема. Во име на мојата советничка група, во име на сите членови на мојата партија и да не политизирам, изразувам длабоко сочувство на семјеството. Од вчера добив многу повици преку телефон како лекар ние сме пофалени за нашата работа, а во иднина треба да се ангажираме да се работи многу повеќе да се поправат економските и социјални услови на населението. Можеби овој говор изгледа емоцинален но да бевте вчера присутни во болницата ќе го кажевте и вие истото, рече Османи.

Координаторот на советничката група на СДСМ, Томица Илиќ, рече дека во овие тажни моменти секој збор кој ќе се каже е премалку и им посака брзо опоравување на повредените.

– Како координатор на советничка група на СДСМ во мое име и во име на советниците сакам да искажам длабоко жалење и сочувство до семејството. Настанот во кој животот го загубија четири лица, од кои три мали деца пред кои допрва доаѓаше животот, донесе болка и тага како на жителите на Романовце, така и кај сите нас. Во овие тажни моменти секој збор е премалку да се искаже болката која ја чувствуваме за нашите сограѓани, посакувам повредените најбрзо да закрепнат и да се вратат на своите семејстјва. Како совет спремни сме да помогнеме, на крај сакам да искажам благодарност до Територијалната противпожарна единица Куманово кои интервенираа, рече Илиќ.

Сочувство до семејствата упати и Фатмир Идризи, координаторот на советничката група на ДУИ.

– Ние денес со длабоко сочувство ја добивме веста за трагичното загинување на три членови на три семејства, три деца и еден возрасен, во име на совентичката група на ДУИ изразувам сочувство на семејствата што е можно полесно да ја надминат оваа голема загуба и на повредените им посакувам побрзо закрепнување. Немам други зборови да ја опишам болката, но ние како советнци сме со семејствата за секоја потреба, рече Идризи.

Поддршка и зборови за сочувство пристигнаа и од ВМРО-ДПМНЕ.

Loading...

– Во име на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата би сакал да им изразам длабоко сочуство на семејствата на настраданите. Воедно би сакал да истакнам дека ние ќе ја поддржиме иницијативата за прогалсување на утрешниот ден за Ден на жалост во општина Куманово, а исто така ќе ги подржиме сите понатамошни иницијативи за повредените во трагичниот настан, изјави Драган Петковски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Советникот од Алијансата за Албанците, Осама Муадини, упати апел надлежните повеќе да ги контролираат оние кои издаваат дозволи за плински уреди или ги произведуваат и продаваат.

– Апелирам до надлежните органи претпријатијата кои се занимаваат со производство на овие гасни опреми, инспекциите поголеми контроли да прават врз овие произведувачи максиамлно во иднина да се избегнуваат опасностите од ваквите случувања, бидејќи по вчерашниот случај има голема паника, така што барам од надлежните органи да преземат пожестоки мерки, рече Муадини.

Поголема институцинална контрола врз произведувачите на плински уреди, побара и советникот Фериз Дервиши.

– Нека биде порака за државните институции, бидјеќи не е толку лесно да се загуби еден човечки живот, сето друго се надополнува, но луѓето не се враќаат на овој свет, имаме различни инсталации од овие гасни апарати и електрична енергија верувам дека ова се причините кои ги прават овие трагедии. Му се молиме на Господ ова да се последни слупчувања, рече Дервиши.

Инаку во вчерашниот трагичен настан околу 10 часот наутро во кумановското село Романовце, по експлозија на плинска боца смртно страдаа три деца и едно возрасно лице, а уште неколку се повредени, од кои две жени се борат за своите животи на скопските клиники.

Никола Ивановски

Leave a Reply