Општина Куманово: Пријавете штета од минатонеделните поплави

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово по пат на писмено соопштение ги информира граѓаните на Куманово да пријават штети од поплавите што го зафатија градот на 11 октомври.

Loading...

Пријавувањето на штетите ќе трае до понеделник /19 октомври/ до 15 часот, со поднесување пријава до Архива на Општина Куманово.

По поднесената пријава, Комисијата за проценка на штети од поплавите ќе излезе на терен и ќе изврши увид на лице место.

Пријавата за штети од елементарни непогоди настанати на ден 11.10.2015 година може да се подигне од Архивата на Општина Куманово или да се превземе од веб страната kumanovo.gov.mk.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.