Општина Куманово повикува да се поднесе даночна пријава за данок на имот и за фирмарина

Сподели со своите пријатели

Секторот за даноци и такси од општина Куманово ги повика обврзниците да поднесат даночна пријава за утврдување данок на имот за 2023 година и да поднесат пријава за утврдување на комунална такса за фирма (назив) на деловна просторија, односно фирмарина за 2023 година.

Loading...

Во соопштението се прецизира дека даночната пријава за утврдување данок на имот за 2023 година (образец ДИ) поднесуваат даночните обврзници, правните и физичките лица за имот што го стекнале или почнале да го користат во текот на 2022 година, а за кој не поднеле даночна пријава (нов даночен обврзник, дополнително стекнат имот кој подлежи на оданочување и сл.)

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Подгответе се за температурен шок!

Пријава треба да поднесат и обврзниците кај кои има промена во имотот преку менување на сопственоста, оние на чиј имот има промена на вредност (доградба, надградба, довршување, проширување. Даночните обврзници (правни и физички лица) кои поседуваат имот што се оданочува, а кои во период од 1994 до 2022 година не поднеле даночна пријава за утврдување на данок на имот, треба да поднесат и пријава.

Даночна пријава се поднесува до Општина Куманово, Сектор за даноци и такси на чие подрачје се наоѓа имотот, најдоцна до 31 јануари 2023 година.

– Даночниот обврзник кој поднел даночна пријава за период од 1994 до 2022 година, а кој нема промена во сопственоста или вредноста на имотот, не поднесува нова даночна пријава. На даночните обврзници кои нема да поднесат даночна пријава во определените рокови по оваа јавна покана ќе им биде изречена парична казна за сторените прекршоци, согласно Законот за даноци на имот, стои во соопштението на секторот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Австриец приведен во Куманово, ја нападнал сопругата

Пријавата за утврдување на комунална такса за фирма (назив) на деловна просторија, односно фирмарина поднесуваат таксените обврзници (самостојни вршители на дејност и правни лица) за регистрирани фирми (назив) на деловна просторија, односно деловна единица за извршување на соодветна дејност, кои досега не поднеле пријава до надлежниот орган за утврдување на обврската по основ на комунална такса, како и обврзници кои поднеле пријава за утврдување на обврската по основ на комунална такса за фирма (назив) на деловна просторија, односно деловна единица кај кои во досегашниот период постојат промени.

МИА