Општина Куманово потпиша Меморандум за соработка со ЦИД

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска во име на Општина Куманово потпиша Меморандум за соработка со Здружението Центар за интеркултурен дијалог-ЦИД.

Loading...

Целта на Меморандумот, како што информираат од кабинетот на градоначалникот, е да се воспостави соработка, комуникација и пракса на јакнење на младинското јадро, организирање на активности и проекти од интерес и значење за младите, развој на младинските политики и унапредувањето на статусот и положбата на младите во општина Куманово и Република Северна Македонија.

 

 

– Овој документ ја одразува волјата и подготвеноста на двете страни за заедничка реализација на активности и делување во областите кои се од интерес за младите, младинската инфраструктура и унапредување на заедничката соработка, велат од Општина Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply