Општина Куманово потпиша меморандум со швајцарската детска фондација „Песталоци” (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово во партнерство со Детската фондација “Песталоци” -Троген-Швајцарија, ќе реализираат активности за спроведување на Националниот стратешки план за образование во државата 2021-2023, со цел развој на инклузивен интегриран образовен систем.

Loading...

Заедно со директорите на општинските основни училишта “11 Октомври” и “Христијан Карпош”, потпишавме Меморандум за соработка со Детската фондација, за да се  воспостави и зајакне соработката помеѓу двете страни за спроведување на проектот„Инклузија на децата кои се надвор од училиштата во образовниот систем”.

Проектот предвидува обуки за раководниот кадар, наставниците и стручниот  персонал во училиштата, како и за претставници на општините, наменети за деца, кои не се вклучени во наставата.