– Општина Куманово секогаш излегува во пресрет на граѓаните во рамките на своите надлежности, без разлика дали тоа се поедници, здруженија или организации. Поради голем број на барања за користење на општинскиот автобус, настана недоразбирање кое во конкретниот случај произлегува од вкупно четири барања за користење на превоз во истиот ден. Во иднина, како и досега ќе продолжиме да ги подржуваме сите граѓани што го афирмираат нашиот град, стои во реакцијата испратена од Секторот за односи со јавност при Општина Куманово.