Општина Куманово подготвена за зимско одржување на улиците

Сподели со своите пријатели

Куманово е подготвено за зимско одржување на улиците, соопштија денеска надлежните од секторот за комунални дејности. Според објавеното на електронскиот систем за јавни набавки Општина Куманово ќе одвои 8 милиони 474 илјади и 570 денари без Данок на додадена вредност  за зимско одржување на улиците. Годинава, најповолна понуда доставила  кумановската фирма „Кооп Инженеринг“.

Loading...

-Фирмата располага со механизација и има доволно количини на сол. Како и секогаш и оваа година при снежни врнежи ќе се чистат првично, првата зона, централното градско подрачје, големите крстосници, улици каде се сместени витални објекти, потоа следува втората зона, ќе се чистат и улиците и населените места  по налог-изјави помошникот раководител на секторот за комунални дејности, Момчило Јовановски.

Куманово има вкупно 42 села кои гравитираат во општината. Фирмата која го доби тендерот ќе го одржува целиот град, приградските населби и селата.

Leave a Reply