Општина Куманово организира целодневна новогодишна забава на 30 декември

Сподели со своите пријатели

Со целодневна забава за кумановчани закажана за 30 декември, во Куманово оваа година на поскромен начин ќе се одбележи доаѓањето на Новата година, за разлика од минатите девет години, кога градот организираше пречек на градскиот плоштад со музика и огномет.

Loading...

Како што информира Цоки Ристовски од Секторот за култура и спорт при Опшина Куманово, со целодневна забава на 30 декември, почнувајќи со пречек на Дедо Мраз во 11 часот, ќе започне музичкиот и културен хепенинг, со што е предвиден настап на кумановското детско хорче, настап на хорот “Јероним Дерада”, потоа настап на кумановски рок бендови, перформанс на балетското студио “Мак” и фолк музика со настап на “Кумановски Тамбураши”.

Забавата ќе започне во 11 часот, а ќе трае до вечерните часови, односно, се` додека на градскиот плоштад има посетители, вели Ристовски.

Кон крајот на неделата, како што информираат од Општина Куманово ќе се постави и традиционалната новогодишна елка, со нови светилки набавени неодамна. Причината за одложување на организираниот пречек на Новата година како соопштуваат од општината се должи на пренамена на буџетските средства за останати настани во текот на 2016 година.