Општина Куманово: Организатор на прес конференцијата беше Владата

Сподели со своите пријатели

Локалната самоуправа не е организатор на прес конференцијата во Куманово, туку Владата на Република Северна Македонија, информираат преку демант од Општина Куманово до Здружението на новинари во врска со упатената критика.

Loading...

За тоа, како што појаснуваат од Општина Куманово, постојат и докази во комуникацијата и покани до медиумите.

– Националните медиуми беа поканети од страна на Владата, а прес конференцијата ја водеше лице од службите на владата. Локалната самоуправа заедно со општинскиот штаб за заштита и спасување учествуваше во техничка поддршка и ги спроведуваше дадените насоки за дезинфекција на просторот, бината и микрофоните и дополнително обезбеди заштитни маски и ракавици за сите присутни. Камерите беа позицирани на безбедно растојание од говорниците според укажувањата и препораките за полесно и побрзо справување со пандемијата од КОВИД-19, со молба да се држи растојание и да се носи зашитната опрема која заедно со средствата за дезинфекција беше дадена на секој присутен од страна на Општинскиот штаб пред влезот во салата, стои во реакцијата од Општина Куманово.

Како што појаснуваат од Кабинетот на градоначалникот Максим Димитриевски, сите досега одржани прес конференции и организирани изјави на градоначалникот Димитриевски биле во согласност со препораките за држење дистанца од 2 метри, а дополнително во многу непосредни теренски изјави секогаш е укажано до медиумите за почитување на препораките и тоа е почитувано.

– Искрено жалиме за овој настан, чекинг тестирањето е направено по барање на епидемиолог по втор пат на 37 лица, сите претставници на институциите се тестирани и запознаени со тоа, жалиме што во тој момент а и до ден денеска не постои прецизен правилник и насока која ја дефинира оваа постапка. Сите ние првенствено се грижиме за општото но и личното здравје и на своите најблиски, епидемијата само потврдува дека не бира, потребно е почитување на препораките и прецизно дефинирање на сите процедури за да се избегнат вакви пропусти во иднина. ОШЗС и кабинетот постапуваше согласно одлуките на повисоките државни органи и законските овластувања и така и ќе продoлжиме. Доколку имавме навремено информирање за резултатите како во случајов пет дена од тестирањето немаше да дојде до ваков пропуст. Посакуваме брзо закрепнување на заболените и ставање на крај на епидемијата, стои во реакцијата.

Голема благодарност до сите новинари и медиуски работници кои теренски  информираат за состојбата во Куманово и државата. Нашата соработка ќе продолжи и понатаму,со што транспарентно ќе ги информираме граѓаните  за одлуките и заклучоците од штабот и состојбите во градот, велат од Кабинетот на градоначалникот.

Никола Ивановски

Leave a Reply