Општина Куманово објави повик за субвенционирање на комунални услуги

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово објави повик за спроведување на мерката за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2024 година.

Loading...

Како што појаснува раководителот на Секторот за култура, спорт и социјални работи, Александар Крстевски, мерката е предвидена за неколку групи граѓани меѓу кои стечајци, самохрани родители, згрижувачки семејства, деца без родители и други ранливи категории граѓани.

– Кога станува збор за категоријата стечајни работници, се однесува на оние кои не стекнале право на материјално обезбедување согласно Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата, вели Крстевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

Како што додава, мерката е предвидена да ги опфати и самохраните родители кои живеат на територијата на Општина Куманово.

– Тоа подразбира родители кои сами ги извршуваат родителските права и должности за детето, поради тоа што другиот родител е непознат, починат, исчезнат или од оправдани причини привремено или трајно не ги извршува родителските права и должности. Мерката исто така ги опфаќа и згрижувачките семејства кои живеат на територија на општина Куманово што подразбира згрижувачко семејство и 24-часовна грижа за деца и возрасни лица кои немаат свое семејство или немаат услови за живот во сопствено семејство, појаснува раководителот на Секторот.

И децата без родители и родителска грижа кои живеат на територија на општина Куманово, исто така ќе може да аплицираат за субвенционирање на трошоците за комунални услуги.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

– Мерката е предвидена и за приматели на право на социјална сигурност за стари лица, односно лица со навршени 65 години возраст; лица кои живеат на територија на општина Куманово со навршени 26 години возраст, најдоцна до 65 години возраст, односно интелектуална попреченост, телесна попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице. Приматели на право на посебен додаток, во којашто категорија на лица спаѓаат деца со специфични потреби кои имаат пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот, додава Крстевски.

Потребните документи кои лицата треба да ги достават се различни во зависност од категоријата на која припаѓаат и повеќе детали можат да пронајдат во јавниот повик објавен на сајтот на општината или во зградата на поранешен Козјак спроти градскиот стадион.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

Барањата со потребна документација се доставуваат до архива на општина Куманово од 22.01.2024 до  22.02.2024 година.

Никола Ивановски