Општина Куманово објави повик за поддршка за вршење работи од социјална заштита (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово објави јавен повик за поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија и правни лица на територијата на градот.

Loading...

Како што појасни Александар Крстевски, раководител на Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, за оваа намена од буџетот на општината се издвоени средства во висина од три милиони денари.

Средствата ќе бидат наменети за развој на нови социјални услуги и други услуги и работи во сферата на социјалната заштита.

– На јавниот повик може да се јават сите здруженија или правни лица регистрирани на територијата на Општина Куманово кој ќе биде еден приоритетите, кои спроведуваат активности од областа на социјална заштита. Јавниот повик ќе трае 15 дена од неговото објавување, односно од вчера, до 21.02.2023 година, појаснува Крстевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: ЗНАМ ќе ја врати правдата во Македонија (ФОТО)

 

 

Барањата може да се најдат во електронска форма на веб страницата на општината или во хартиена форма на пријавницата во општинската зграда кај градскиот стадион.

Loading...

– Доколку имаат потреба ние како вработени во Општина Куманово стоиме на расположение на сите оние што сакаат да аплицираат во подготовка на овие документи, додава Крстевски.

За прв пат оваа година, како што појаснува раководителот на секторот, општината има развој на социјален план кој содржи планови од шелтер центар до деца со посебни потреби.

– Зависно од организациите што ќе се јават ние ќе се прилагодиме согласно нашиот социјален план. Доколку активностите на социјалниот план и некои невладини организации се поклопуваат тие ќе имаат приоритет, вели Крстевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Со ребаланс на буџетот ќе исплатиме 13та пензија на пензионерите

Минатата година две здруженија се јавиле на повикот, „Порака наша“ и „Инклузива“, кои ќе имаат приотитет затоа што се веќе корисници на поддршката, но ќе се даде можност и на други организации со слична активност.

Никола Ивановски