Општина Куманово објави повик за консултантски услуги за изработка на стратегии за рурален развој

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово објави јавен повик за доставување консултантски услуги за изработка на две стратегии за локален економско социјален совет и за рурален развој на општината за периодот од 2021-2025 година, информираа од општината. Заинтересираните можат да аплицираат до утре.

Loading...

Јавните повици се објавени согласно програмата за 2021 година која произлегува од стратегија за локален економски развој на Општина Куманово која има важност до 2024 година.

-Целта на програмата е да изгради економски капацитет на локално ниво, за да се подобри економската клима во овој регион, а со тоа и животниот стандард на сите жители преку процес во кој јавноста, стопанските дејности и невладиниот сектор ќе работат заедно како партнери за да создадат подобри услови за економски развој и нови вработувања, појаснуваат надлежните од локален-економски развој.

Повиците во кои се опфатени задачите, роковите на изработка, потребните документи се објавени на општинската веб-страница.

Во повикот за консултантски услуги за изработка на стратегијата за локалниот економско социјален совет, заинтересираните треба да направат анализа на моменталната состојба на опкружувањето во кое ќе се имплементира стратегијата, да се координираат со надлежните од ЛЕР, да организираат работилници, да ги идентификуваат проблемите на страните, да изработат методологија на стратешкиот документ. Стратегијата за рурален развој на Општина Куманово ќе претставува основа за изработка на приоритетни проекти за аплицирање кај домашни и меѓународни донатори како и програмите на ИПА поточно ИПАРД и треба да покрива пет области.

Документот треба да биде изработен со примена на партиципативен пристап, што ги отсликува потребите и интересите за развој на крајните корисници, притоа земајќи ги предвид реалните можности и фактори на влијание од надворешното опкружување.

Leave a Reply