Општина Куманово објави оглас за набавка на механизација за јавните претпријатија

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово денеска објави оглас за набавка на возила за четири јавни претпријатија. Општината ги обезбеди средствата преку долгорочно домашно задолжување во рамките на вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2).

Loading...

Проектот се реализира преку потпишување на договорот за под-заем со Министерство за финансии, во рамките на средствата обезбедени со проектот подобрување на општинските услуги финансиски со заем од Светска банка, во висина 63 милиони 754 илјади 712 денари, со цел финансирање на капитален проект, односно набавка на 12 возила за четири јавни претпријатија.

ЈП „Водовод” ќе добие комбиниран ровокопач-натоварувач, „Чистота и Зеленило” опрема за изнесување и депонирање на отпад (автосмеќар, автодигач, трактор со приколка и работна машина), како и опрема за зимско одржување на сообраќајници (три камиони со опрема за зимско одржување-плуг за расчистување на снег и соларка за фрлање на сол и ризла), „Куманово-Паркинг”, специјализирано возило (пајак) и „Куманово-Гас” опрема за изградба и одржување на дистрибутивна гасоводна (ровокопач-утоварувач, камионет, комерцијално возило).

Огласот е објавен на веб страниците на Општината, на јавни набавки и во три дневни весници и ќе трае до 20 мај годинава. Одлуката за задолжување ја донесоа советниците на седница во октомври лани, по жестока дебата со опозицијата.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски тогаш информираше дека износот на заемот е 63 милиони 754 илјади 712 денари каматна стапка е еден процент, времетраење на заемот е 13 години, со грејс период од три години, потенцирајќи дека станува збор за атрактивни средства кои се обезбедуваат преку државата како кредит од светска банка и при негова имплементација, општината добива неповратни средства во висина од 20 отсто од износот на земениот кредит или во овој случај некаде над 200.000 евра кои ќе се користат за инфраструктура во градот. ам/свс/

Leave a Reply