Општина Куманово објави оглас за избор на компанија за дезинсекција и дератизација на јавни површини

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово објави оглас за запрашување против инсекти, дезинсекција, дератизација против крлежи, лебарки и комарци. Од одделението за јавни набавки денеска информираа дека за оваа намена ќе се одвојат милион денари без вклучен ДДВ.

Loading...

Заинтересираните оператори треба да достават соодветна документација, како и потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде е регистриран и да му е издадена дозвола за вршење на дејноста дезинфекција, дезинсекција и дератизација заради спречување и сузбивање на заразните болести во објекти кои не се здравствени установи, училишни и предучилишни установи, установи за сместување на деца и младина и социјални установи, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести издадена од Министерството за здравство.

Отворањето на понудите е закажано за 11 март. И претходните години општината одвојуваше слична сума за овие третмани кои се спроведуваат во неколку наврати годишно во текот на пролетните и есенските месеци. Минатата година со посебен тендер беше избрана и компанија за авионска дезинсекција.

Leave a Reply