Општина Куманово објави јавен повик за набавка на таблети за учениците

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово објави јавен повик за набавка и транспорт на таблети за потребите на Општина Куманово, соопштија денеска,  надлежните од одделението за јавни набавки.

Loading...

Проценетата вредност е 3,3 милиони денари без вклучен данок на додадена вредност.

Согласно, објавената јавна набавка, таблетите ќе треба да се испорачаат во просториите на општината. Заинтересираните оператори треба да исполнуваат одредени услови, а понудите ќе треба да ги достават до 22 декември, годинава.

Претходно, со ребаланс на буџетот на општината беа одвоени вкупно 3,5 милиони денари за набавка на лаптоп, таблети и други уреди за следење на онлајн настава за ученици кои потекнуваат од социјално ранливи категории семејствата.

Дел од средаствата беа пренаменети од ставката за  новогодишно украсување, дел беа заштедени од превоз и други потреби за учениците, а дел од трансфери за невладини организации, но и од средства кои првично беа наменети за манифестации и со ребелансот во средината на ноември беа пренементи за набавка на таблети, за учениците кои следат онлјан настава.

Leave a Reply