Општина Куманово назначи службеник за млади

Сподели со своите пријатели

Мартин Крстиќ ќе биде советник за млади во Општината Куманово, согласно Законот за младинско учество и младински политики, информираа надлежните од општината.

Loading...

– Мартин Крстиќ е назначен за службеник за млади во општината и тој ќе биде лице за континуирана соработка и комуникација со младинските организации, младите луѓе и ресорните институции со цел да се овозможат подобри услови за младите на локално ниво, вели градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

Преку овој чекор, вели градоначалникот, се создаваат можности за поголема вклученост на младите во локалните политики кои преку креативни младински активности ќе дадат свој значаен допринос во заедницата.

Сите млади ќе можат да комуницираат со службеникот преку следната емаил адреса: [email protected].

Никола Ивановски

Leave a Reply