Општина Куманово набави средства за дезинкфеција на училиштата (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово набави средства за дезинфекција за основните и средните училишта во Куманово, соопшти денеска, кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

 

Loading...

 

Набавени се 2.800 литри средства за дезинфекција за вкупно 22 училишта, од нив 17 основни и пет средни училишта.

 

 

– За непречено отпочнување на наставата во училиштата, денеска беа поделени 1800 литри средства за дезинфекција на раце и површини за основни училишта и 1000 литри за средни училишта. Општина Куманово ќе продолжи со обезбедување на сите неопходни дезинфекциски средства за училиштата, се со цел зголемување на заштита на учениците од Ковид 19-објави Димитриевски.

 

Loading...

 

Претходно, на состаноците со директорите на училиштата во градот, Димитриевски најави дека ќе направи напори за обезбедување на оптички кабли за училиштата со што ќе се обезбеди стабилна конекција за непречено одвивање на онлајн наставата.

Поголем дел од училиштата во Куманово од урбаната средина ќе следат онлајн настава, а речиси сите училишта во приградските и руралните средини ќе следат настава со физичко присуство на учениците.

МИА


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *