Општина Куманово набави дополнителна опрема за дезинфекција (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пристигна дополнителната опрема за дезинфекција која ја набави Општина Куманово со цел да се спречи понатамошното ширење на коронавирусот.

Loading...

Со одлука на Советот на Општина Куманово беа ставени на располагање 4 милиони денари за набавка на опрема и средства за дезинфекција.

Градоначалникот Максим Димитриевски на социјалните мрежи денеска соопшти дека се пристигнати механичките и моторни пумпи.

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ од денеска врши дезинфекција на влезовите на зградите и нивните ходници, па надлежните апелираат граѓаните да останат дома и да не го попречуваат процесот.

Освен комуналното претпријатие во процесот ќе се вклучат и вработени од останатите јавни претпријатија кои нема да извршуваат дел од редовните работни задачи.

Освен пумпите за дезинфекција ќе се набави и возило за таква намена, а и поголем број дезинфекциски средства и заштитна опрема како маски и ракавици.

Никола Ивановски

Leave a Reply