Општина Куманово ќе спроведе прскање против возрасни форми на комарци

Сподели со своите пријатели

Д.П.Т.У. ПЛАНТ МЕДИКА дооел  во соработка  со Општина Куманово  на 26ти мај ќе   ја  реализира  првата терестичка дезинсекција на подрачјето на Град Куманово за  уништување на возрасните форми на комарци.

Дезинсекцијата ќе се изведува во раните утрински часови со почеток од 24.00 – 04.00 часот на 26.05.2020, само  под поволни  временски услови, ако случајно времето е врнежливо или е со јак ветер дезинсекцијата  се одложува  за  утредента  или евентуално  за  некој  нареден  ден  со  поволни временски услови.

Loading...

По претходно изготвен план за динамиката на активностите, техничка спецификација, ќе бидат опфатени 200 ха површина на следниве локации – површини по течение на реките Кумановка, Којнарка, површина под трска – с. Речица, Серава, потесно градско подрачје, (место викано Бара).

За дезинсекцијата ќе се употреби средството KULFAK 50 EC во концентрација пропишана од производителот по упатство за употреба.

Општината  навремено  преку  средствата за  јавно  информирање ја  известува  јавноста  за времето  и  начинот  на  спроведувањето  на дезинсекцијата и за мерките за заштита што треба да  ги  преземат  граѓаните,   со  посебен  акцент на пчеларите кои треба  да  се  информираат  за  да  ги заштитат нивните пчелни семејства.

Интегрално соопштение: Општина Куманово


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *