Општина Куманово ќе финансира проекти на здруженија и фирми за социјална заштита

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово распиша јавен повик за финансирање проекти на здруженија и фирми за социјална заштита на граѓаните.

Loading...

Како што информираше раководителот на Секторот за култура, спорт и социјална заштита, Александар Крстевски, здруженија од градот и други правни лица ќе можат да аплицираат за средства од програмата за развој на социјална заштита.

Дел од поддршката е наменета за развој на постоечките социјални услуги, а дел за воспоставување на нови.

– Дел од услугите се однесуваат на информирање и упатување, услуги за стручна помош, услуги на советување, услуги во домот, вон семејна заштита итн. На повикот можат да се јават сите заинтересирани здруженија или други правни лица регистрирани на територијата на Општина Куманово, со исклучок на оние кои веќе имаат добиено лиценци за работа и тие ќе добиваат средства директно од Министерството за труд и социјална политика, изјави Крстевски.

 

 

Подетални информации заинтересираните можат да добијат во општинската зграда на поранешен „Козјак“, а барањата се достапни на веб страницата на Општина Куманово.

Loading...

Од буџетот за оваа намена ќе се издвојат четири милиони денари, а јавниот повик трае до 19 февруари.

Никола Ивановски