Општина Куманово ќе доделува парична помош за секое запишано прваче

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово ќе исплати по 2.000 денари на семејствата што ќе запишат прваче во учебната 2023/2024 година.

Loading...

Ваква одлука вчера едногласно донесе Советот на општината, на предлог на опозициските СДСМ и ДУИ, а со поддршка на владејачкото мнозинство.

Според раководителот на Секторот за образование, Александар Јовановиќ, ова е прв пат да се субвенционира запишувањето првачиња и ќе се исплаќаат по 2.000 денари по ученик, откако претходно родител или старател на ученикот ќе поднесе барање.

– За да ги избегнеме оние гужви пред општината и да го растеретиме архивот на Општина Куманово, родителите барањето ќе можат да го поднесат во самите училишта, каде ги запишвуаат своите ученици и со оваа барање треба да достави и потврда од општинско училиште дека ученикот за прв пат се запишува во текотвната учебна година, појасни Јовановиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Македонец и Пакистанец шверцале Кинези низ кумановско

Родителите за да поднесат вакво барање треба да достават и фотокопија од извод на матична книга на родените за првооделенецот, фотокопија од важечка патна исправа или лична карта на еден од родителите кој ќе биде подносител на барањето и фотокопија од активна трансакциска сметка на еден од родителите.

Потоа тричлена комисија формирана од градоначалникот Максим Димитриевски ќе ги разгледа барањата и ќе одлучува по нив.

– Знаеме дека родителите на стартот на учебната година се економски оптоварени со купување материјали за стартот на учебната година кои се потребни за учениците и би сакал оваа иницијатива или одлука ако биде поддржана од советниците, да стане една пракса, да секоја година за секој ученик кој се запишува во прво одделение да му следува една симболична сума на пари која за родителите во оваа време и понатаму ќе значи, рече Јовановиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Грк приведен на Табановце поради нудење поткуп

Одлуката беше донесена едногласно со 27 гласови „за“.

Loading...

Барањата ќе може да се поднесуваат од 01.06.2023 до 30.09.2023 година, а освен во училиштата при уписот, барањето ќе биде поставено и во електронска форма на веб страницата на општината.

Никола Ивановски