Општина Куманово ќе додели парична помош на семејството Божиновски

Сподели со своите пријатели

На вонредната седница на Совет на Општина Куманово одржана денес, советниците едногласно ја изгласаа одлуката, на семејството на трагично загинатата  Жаклина Божиновска да му додели еднократна парична помош во износ од 180 илјади денари.

Според претседателот на Советот на општината, Максим Димитриевски, оваа сума нема да ја надомести загубата на Божиновска, но можеби ќе биде од помош во овие тешки моменти за семејството.

Еден милион денари на предлог на градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски ќе бидат доделени на Град Скопје како помош за санирање на штетите од саботните поплави.

Жаклина Божиновска, родена 1973 година, трагично го загуби својот живот во саботните поплави кај скопска обиколница, враќајќи се од Охрид кон Куманово.

 

Loading...