Општина Куманово: Ја почитуваме одлуката на ДКСК за запирање на постапката против градоначалникот Димитриевски и даваме целосна поддршка во нивната борба против корупцијата во државата

Сподели со своите пријатели

Целосно се запира постапката којашто беше поведена против Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски од страна на Државната комисија за спречување на корупција по доставена анонимна пријава за наводна злоупотреба на службената должност при распределба на средства за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2019 година.

Loading...

Ја почитувамe одлуката на Државната комисија за спречување на корупција и даваме целосна поддршка во нивната понатамошна борба против корупцијата во нашата држава.

Како што е наведено во одлуката на ДКСК од 26.04.2021 година, согласно со одредбите на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата нема елементи за натамошно постапување по предметот.
Дополнително, се наведува дека на 21.01.2021 година е извршен и вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за локална самоуправа, при што е констатирано дека во конкретниот случај од страна на Советот на општината било постапено во согласност со законските надлежности, врз основа на Законот за локална самоуправа, Законот за спорт и Законот за здруженија на граѓани, а предметните наводи за злоупотреба на службената должност на градоначалникот и незаконско доделување на финансиски средства за поддршка на спортот не се потврдени.

Ова е уште доказ дека Општина Куманово работи целосно транспарентно и во служба на граѓаните. Ние сме избрани од граѓаните и работиме за потребите на граѓаните, па токму затоа и транспарентно и отчетно го водиме процесот на трошење на општинскиот буџет, а резултатите од тоа најдобро ги согледаат граѓаните преку сите досега реализирани проекти. Во Општина Куманово не постои злоупотреба во средства за финансирање на спортот, напротив, спортот континуирано се развива и ќе продолжиме да го афирмираме и унапредуваме спортот во интерес на граѓаните на наше Куманово.

Интегрално соопштение: Општина Куманово

Leave a Reply