Општина Куманово и МЦМС ќе го реновираат училиштето во с. Умин Дол (видео и галерија)

Сподели со своите пријатели

Во кумановското село Умин Дол вчера се одржа состанок со претставници од месната заедница, МЦМС и општина Куманово, при што се донесе одлука средствата во висина од 32 илјади евра да бидат потрошени за реновирање на подрачното основно училиште во тоа село.

[huge_it_gallery id=”260″]

Loading...

 

Од предложените шест проекти од страна на жителите на с. Умин Дол, најмногу гласови доби проектот за реновирање на санитарните јазли во училиштетото, откако децата цело време користеа полски тоалет.

Според градоначалникот на општина Куманово, со 22 илјади евра ќе бидат направени нови тоалети, додека со останатите средства ќе биде направено детско игралиште со парк и партерно уредување во висина од 19 илјади евра.

– Со одлука на Советот, локалната самоуправа одлучи да додаде уште 600 илјади денари со што ќе го покриеме целиот проект, а на тој начин на жителите ќе им овозможиме нивните деца и млади да имаат пристоен живот, изјави Дамјановски.

Проектот за реновирање ќе биде спроведен со подсредство на МЦМС а финансиски поддржано од Британската амбасада во Република Македонија, изјави извршниот директор Димче Митрески, кој додаде дека оние проекти кои беа предложени а за кои недостасуваат средства ќе бидат доставени до општината како предлог за понатамошно спроведување.

Добре Петковиќ, жител на селото вели дека на задоволство на сите жители, ќе биде реновирано училиште кое датира од педесетите години.

Подрачното основно училиште Христијан Карпош во с. Умин Дол го посетуваат деца и од с. Љубодраг, и тоа од петто до деветто одделение.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.