Општина Куманово: Граѓаните да ги пријават штетите од невремето

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово ги повикува сите граѓани кои денеска претрпеле штети од невремето истите да ги пријават, а утре ќе заседава и Кризниот штаб.

Loading...

Поради обилните врнежи од дожд во изминатите неколку часа,екипите од Општина Куманово, Регионалниот центар за управување со кризи, Министерството за внатрешни работи, Јавните претпријатија и Противпожарните екипи се на терен и интервенираат на местата каде има помали проблеми предизвикани од невремето.

– Ги информираме граѓаните дека  штетите предизвикани од денешните поројни дождови, можат да го пријавуваат на дежурниот телефон 195, информираат од Општина Куманово.

Утре (18.06.2019,вторник) со почеток во 10:00 часот во просториите на општина Куманово, состанок ќе одржи Општински штаб за заштита и спасување, на кои ќе се донесат заклучоци за превземање на понатамошни активности за настанатата ситуација.

Leave a Reply