Поплавени куќи во Куманово по денешното големо невреме (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Невремето  проследено со обилни врнежи од дожд, силен ветер и електрични празнења, кое некаде околу 14:30 часот започна да беснее низ кумановско направи вистински потоп. Атмосферската канализација не можеше доволно брзо да ја апсорбира големата количина вода па поплавени беа булеварите и улиците низ центарот на градот, а во околните населби поплавени се и неколку куќи.

Loading...

Во населбата Перо Чичо водата навлегла во подрумите и првите катови на неколку куќи, а жителите сами морале да интервенираат за да си ги спасат своите домови.

Од институциите до кои се обратиле, на терен стигнала само полицијата и ја затворила улицата за сообраќај.

– Од двор, куќа, гаражи, купатила, дневни, кујна, комплетно бевме поплавени 100 посто. Вртевме во пожарна ни рекоа дека има само две возила, екипите се на терен, додека врне дожд не можеме да интервенираме, спремни сме чекаме да престане невремето. Вртевме и во општината истото ни го рекоа, дека се известени надлежните служби да излезат, велат граѓаните од Перо Чичо.

Loading...

Граѓаните ова го опишуваат како нешто досега невидено. Дождот се уште паѓа, но со намален интензитет.

Не успеавме да добиеме повеќе информации бидејќи сите институции се на терен и се справуваат со штетите. Според неофицијални информации, поплавени се десетина други објекти, а во населбата Гоце Делчев дошло и до мало лизгање на земјиштето, но од надлежните служби ваквата информација се уште не е потврдена.

Loading...

Leave a Reply