Општина Куманово ги додели Ноемвриските награди за 2020 година (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Четворица лекари како физички лица, и кумановската Општа болница и Телевизија „Плус“ како правни лица се добитници на највисокото признание на Општина Куманово „Ноемвриска награда“ за 2020 година.

Годинава наградите, како што рече Сашо Милковски, претседател на Комисијата за доделување награди при Советот на Општина Куманово, ќе се посветат на првиот столб на одбраната од коронавирусот.

Loading...

Градоначалникот Максим Димитриевски во свое име со плакети им се заблагодари и на Здравствен дом Куманово, поранешниот градоначалник на Општина Куманово Слободан Ковачевски за мултиетничност, градоначалникот на Гљиалне Љутви Хазири, Фериз Дервиши и Петар Николовски.

 

 

Ноемвриската награда за 2020 година во вид на диплома и паричен износ им се доделува на следниве лица:

Јадранка Стаменковска – лекар специјалист, епидемиолог, раководител на Одделение за епидемиологошка дејност при Центар за јавно здравје Куманово и член на Штабот за заштита и спасување на Општина Куманово, за нејзината долгогодишна работа и огромна посветеност во превентивната заштита и подигањето на квалитетот на здравјето на граѓаните, а особено во периодот на започнување на пандемијата на коронавирусот кога преку раното детектирање придонесе за сочувување на животот и здравјето на граѓаните.

 

Loading...

 

Александар Трифуновски – лекар, специјалист, хирург урулог вработен во Универзитетска клиника за урологија Скопје кој беше дел од тимот за трансплантација на бубрези од жив дарител во одделот за трансплантација, за неговиот особен придонес и ангажман при учество во бројни трансплантации, како и во првата истовремена трансплантација на срце и бубрези.

Али Далипи – Лекар специјалист, офтаомолог, началник на одделот за очни болести при Општа болница Куманово за неговата догогодишна работа и особен ангажман за дејноста за што сведочат и добиените признанија и пофалници од релевантни институции од државата, а автор е и на повеќе стручни трудови од областа на офтаомологијата.

Азис Бајрами – лекар специјалист инфектолог, вработен на Инфективното одделение при Општа болница Куманово за неговата посветена работа во здравствената дејност за што сведочат добиените признанија и пофалници, а особено заради неговиот ангажман во периодот од започнувањето на пандемијата предизвикана од коронавирусот при што го вложуваше целиот свој лекарски и човечки капацитет при лекувањето на пациентите заболени од овој опасен вирус.

Ноемвриската наградата за 2020 година во вид на диплома се доделува на следните правни лица:

ЈЗУ Општа болница Куманово за повеќедецениското успешно работење во областа на здравствената дејност, а особено заради одговорното однесување на медицинскиот персонал и грижата и пожртвуваноста која ја покажаа во областа на прифатот, првовремена реакција и одговор на потребите на пациентите заболени од коронавирусот во периодот од започнување на пандемијата предизвикана од овој опасен вирус.

 

 

Телевизија „Плус“ од Куманово за објективното, професионално и навремено повеќегодишно информирање на граѓаните за сите дневни случувања во Општина Куманово и пошироко во регионот при што особено се истакнаа во периодот од започнување на пандемијата предизвикана од коронавирусот кога преку организирање на контактна емисија редовоно ги информираше граѓаните како да се справат за време на оваа пандемија  при што за граѓаните на кои им беше потребна помош организираше и донаторски и хуманитарни акции.

Loading...

 

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *