Општина Куманово бара Владата да обезбеди маски за граѓаните

Сподели со своите пријатели

Денеска по пат на конференциска врска се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

Loading...

На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

Бараме од Влада на Република Северна Македонија, да обезбеди одредена количина на заштитни маски кои бесплатно ќе се достават до граѓаните на Општина Куманово, согласно донесените мерки за нивно задолжително носење.

Бараме од Влада на Република Северна Македонија, да обезбеди опрема со мегафони за известување кои ќе се користат за спроведување на најновите мерки.

Бараме од Влада на Република Северна Македонија, да се регулира начинот на доставување на негативните и позитивните резултати од тестирањето на COVID 19 (корона вирус) до граѓаните како и промптно информирање на ЦЈЗ Куманово и ОШЗС Куманово.

Апел до граѓаните до Општина Куманово да се придржуваат согласно мерките и препораките на Министерство за здраство и Влада на Република Северна Македонија да се однесуваат одговорно спрема себе и спрема другите околу нив.

НАПОМЕНА:

– Штабот останува на сите досегашни барања, препораки и сугестии упатени до Владата на РСМ и сите други државни институции и комисии.

Loading...

Интегрално соопштение: Општина Куманово

Leave a Reply