Опозицијата во кумановскиот Совет гласаше против продолжување на бесплатниот превоз, но тој сепак ќе продолжи

Сподели со своите пријатели

Мерката за бесплатен автобуски превоз во Куманово ќе биде продолжена за уште три месеци и покрај тоа што дел од опозицијата во Советот на Општина Куманово гласаше против.

Loading...

Одлуката беше донесена со 20 гласови „за“, седум „против“ и еден „воздржан“.

Опозицијата како причина за гласање против го посочи тоа што не била доставена анализа колку мерката за субвенционирање на превозот била користена од страна на граѓаните.

Претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска сугерираше дека одлуката мора да се носи сега, оти се прави ребаланс на буџетот, а дали следниот ќе биде направен навреме кога ќе истече мерката не може да се знае.

Бараната анализа за мерката ја најави и градоначалникот Максим Димитриевски, кој вели дека таа веќе е во тек.

„Во фаза е постапка за изработување на конечни резултати од тоа колку граѓаните се задоволни од автобускиот превоз, кои се аномалиите на превозот“, истакна градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

На постојките и во автобусите, може да се забележи дека поголем број граѓани го користат јавниот превоз, а дел од нив во анкетата на Македонската радио телевизија, изразија задоволство од неа.

„Добра одлука е, почесто го користам превозот, олеснување е во ова тешко време“, истакна еден кумановец.

Loading...

„Го користат пензионерите само кои шетаат, треба патиштата да се направат, канализација“, вели друг жител.

„Има интерес, доаѓаме од населбите за лекови и го користиме“, вели друга кумановка.

Во Куманово бесплатниот градски превоз започна да се користи од почетокот на годината. Целта е да им се олесни и помогне на граѓаните среде економска криза.

Мреката започна на почетокот на 2023 година и со сегашната одлука ќе трае до крајот на септември.