Опожарен автомобил на кумановец во Скопје

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шестгодишен кумановец викендов пријавил дека неговиот автомобил се запалил додека бил во Скопје.

Loading...

– На 03.09.2022 во 07.30 часот во Полициска станица Гази Баба М.Б.(26) од с.Лопате, кумановско пријавил дека околу 07.05 часот на ул. 881 на подрачје на Гази Баба, Скопје додека управувал патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, настанал пожар во возилото, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Познато кој победи во Старо Нагоричане