Опасност како атракција. Дали ова е новото лице на туризмот? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Мрачниот туризам“ стана тренд.

Со години, оваа земја се смета за едно од најопасните места за патување – но туристите продолжуваат да одат таму.

 

 

Во Либија има немири со децении, а особено турбулентни по атентатот врз Моамер Гадафи.

Оттогаш, борбата за власт се води меѓу соперничките групи од истокот и западот на земјата.

Поради тие тешкотии, многу земји ја окарактеризираа Либија како небезбедна за туристите, но тоа не ги спречи некои смели авантуристи да се приклучат на трендот на „опасен туризам“ или „мрачен туризам“.

Сепак, Либија привлекува близу 100.000 меѓународни туристи секоја година. Некои патници тврдат дека ја посетиле Либија без никаков страв или проблем.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Википедија на македонски јазик достигна 155.000 статии

Тоа сепак не значи дека Либија е безбедно место. Минатиот мај, британски турист беше држен под закана со оружје седум часа на воен контролен пункт во Либија. Даниел Пинто, 26, пристигнал во Либија на 29 мај 2024 година и поминал 21 ден патувајќи — бидејќи сакал да го види „мистериозното“ место. Тој се опишува себеси како „опасен турист“ и бил во Иран, Ирак и Сирија. Но овој пат наишол на пречка во својата авантура кога војската го држела на нишан со часови.

Пинто и другите кои го игнорираа советот да не посетуваат небезбедни земји се дел од растечката група патници кои не сакаат мохито, туку бараат возбуда. Експертите за патување велат дека забележуваат зголемен интерес за посета на места на природни катастрофи, масовни убиства или други настани или ситуации каде што се случило нешто лошо.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Според астролозите ова се најчудните хороскопски знаци