ОПАСЕН ДЕФЕКТ НА ВСЕЛЕНСКАТА СТАНИЦА: Не работи системот за производство на кислород

Сподели со своите пријатели

Системо за производство на кислород откажа на рускиот модул на Меѓународната вселенска станица, објави НАСА откако екипажот разговараше со Земјата.

Loading...

Дефекти на овие системи на МСС се случуваат, но станицата сè уште има резерви на кислород, пишува РИА Новости.

Рускиот космонаут го известил специјалистот на Контролниот центар во московскиот регион за дефект на системот за производство на кислород Електрон-В.М., кој бил инсталиран во рускиот модул Звезда.

Астронаут одлучи да го пропушти летот во вселената поради една многу добра причина (ВИДЕО)

Сегментот на МСС во САД има посебен комплекс за снабдување со кислород.

Моментално на станицата се руските космонаути Анатолиј Иванишин, Иван Вагнер, Сергеј Рижиков и Сергеј Куд-Сверчков, како и астронаутите на НАСА Кристофер Касиди и Кејтлин Рубинс.

Leave a Reply