Опаѓа водостојот на Пчиња, утринава измерен еден метар

Сподели со своите пријатели

Еден метар изнесува водостојот на реката Пчиња според последните мерења направени утринава во 07:30 часот од страна на Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Мерната станица лоцирана во атарот на селото Пелинце покажува пад на водостојот во однос на вчерашниот ден за 22 сантиметри.

Највисокиот водостој речното корито на Пчиња го забележа во понеделник кога изнесуваше 150 сантиметри и се излеа токму во атарот каде и се наоѓа мерната станица поплавувајќи го паркот на Меморијалниот центар „АСНОМ“.

Сепак, Пчиња и натаму е двојно над просекот за јануари.

Во опаѓање е и водостојот на реката Кумановка. Мерењата од вчера наутро кај селото Доброшане покажуваат ниво од 50 сантиметри, што е двојно помалку во споредба со понеделник.

Никола Ивановски

Leave a Reply