ООУ „Толи Зордумис“ одбележа 63 години постоење (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Со низа активности и свечености, денеска во Основното општинско училиште „Толи Зордумис“ во Куманово беше одбележан 63-годишниот јубилеј од постоењето на оваа образовна установа, која го носи името на легендарниот кумановски херој од НОБ.

Loading...

 

 

Во рамките на Свечената академија, организирана по повод патрониот празник, беше оддадена почит кон ликот и делото на патронот.

 

 

Loading...

Делегација од Општина Куманово, предводена од претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, положи свежо цвеќе пред бистата на Толи Зордумис, поставена во училишниот двор.

 

 

Празничниот ден беше збогатен со спортски и културни настани, во кои активно учествуваа учениците, покажувајќи го својот талент, дух и заедништво, како дел од обележувањето на значајната годишнина на нивното училиште.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Денеска дожд, остатокот од неделата сончево и топло

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски