ООН: 2015 најверојатно ќе биде најтоплата година во историјата

Сподели со своите пријатели

Оваа година е на добар пат да стане најтоплата во историјата, се наведува во соопштението на Светската метеоролошка организација, само пет дена пред почетокот на самитот на Обединетите на Нации за климатските промени, која веќе се одржува во париз.

Loading...

Со оглед дека температурата на површината на океаните моментално е највисока откако започна да се води евиденцијата 2015 година, веројатно ќе биде најтоплата во историјата – вели генералниот секретар на светската метеоролошка организација, Мишел Жаро.

Податоците на Организацијата на Обединетите Нации од десет месеци оваа година заклучно со октомври укажува дека темературите над копното и морето би можеле да бидат највисоки откако се спроведуваат мерењата, откако во 2014 година веќе беше постигнат нов рекорд, пренесуав агенцијата АФП.

Океаните апсорбираат повече од 90% од енергијата која се собирав во климатскиот систем поради емисијата на гасови со ефект на стаклена градина. Меѓутоа, освен во површинските слоеви, растат и температурите во длабочините.

Исто така, нивото на морето константно се зголемува, се додава во соопштението.

Кина бележи најгопол период од јануари до октомври, Африка се соочува со година која е на второ место според топлината од кога се мери температурата.

Температурите беа релативно високи на западниот дел од Северна Америка, големи делови од Јужна Америка, Африка, како и јужните области од Евроазија.

Светската метеоролошка организација обично чека крај на годината пред да ги објави заклучоците за растот на температурите, но сега се објавени прелиминарните резултати, за да бидат информирани преговарачите на самитот на Обединетите Нации за климата во Париз – соопштуваат од организацијата.

Во француската престолнина моментално се собрани повеќе од 145 светски лидеру, на 12-дневна конференција чија цел е да се постигне договор за ограничување на глобалното загревање на два степени целзиусови во однос на нивото пред индустриската револуција.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.