Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз од Куманово најави работно лето кое ќе го минат во низа теренски активности и средби со граѓаните со цел, како што велат да се запознаат со нивните барања.
Новиот портпарол на организацијата во Куманово, Катерина Пешиќ Бошковска денеска на рпес конференција истакна дека пратениците, министри, советници, градоначалникот, директорите на јавните и општински установи и претседателот Мартин Костовски ќе бидат отворени за решавање на клучните прашања важни за градот.
– Сите знаеме дека на Куманово му треба многу повеќе, особено во делот на инфраструктурата, градскиот сообраќај, атмосферската канализација, повеќе зелени површини, спортски, културни и уметнички манифестации. Куманово расте и допрва ќе се развива. Се обврзавме пред вас за нов начин на делување и работење, но и за забрзување на напредокот на општеството и се стремиме кон истото. Ние сме на ваша страна, ние сме дел од вас, приклучете ни се, бидете гласни, како што впрочем и ни доликува на нас кумановци. Вашиот став и вашето мислење за нас е важно, секоја ваша критика упатена кон нас е поттик за навремено реагирање и пронаоѓање решенија, вели портпаролката Катерина Пешиќ Бошковска.
Како што рече таа, средбите ќе бидат систематски и во континуитет, а ќе се прави и целосна евалуација на досега сработеното, ќе се евидентира степенот на реализација на проектите и задоволството на грашаните.
– Преземаме обцрска преку координирана акција да се надминат сите предизвици во реализација на она што е ветено пред вас граѓание, за се она што е значајно целата структура на СДСМ се става во функција за нивно успешно решавање. Времето на изговори и оправдувања е поминато, нашата енергија е насочена кон делотворно делување, додаде Пешиќ Бошковска.
Инаку Катерина Пешиќ Бошковска на функцијата портпарол е назначена минатиот месец на Конференција на ОО СДСМ Куманово и истата изрази надеж дека соработката со граѓаните и медиумите ќе биде на одлично ниво.