Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од Куманово денеска одржа прес конференција на која упати критики за есктерното тестирање кое актуелната власт го спроведува, но и ветување дека истото ќе биде укинато со новата влада.
Утре и во петок власта во заминување на ДПМНЕ сака на мускули и до крај да го спроведе својот необразовен експеримент наречен екстерно тестирање. Тестирање со кое ги малтретира ученици, внесува дополнителна нервоза и хаос во обарзовниот процес и тоа при самиот крај на учебната година – рече Сашо Тодоровски, портпарол на ОО на СДСМ Куманово.
Според Тодоровски тестирањето кое го замислила власта во никој случај не се поклопувасо тоа дека учениците им се на прво место и дека знаењето е моќ, туку како што истакна, целта е да се внесе страв кај учениците и нпотребни проблеми во образониот процес.
Огромен дел од прашањата се со грешки и истите се продаваат по фотокопирници и ги има насекаде на интернет. Од учениците се бара да ги научат на памет. Затоа прашуваме која е целта на ваков лудачки начин да се спроведува нешто кое нема никаква улога во подобрување на знаењето на ученикот и воопшто не придонесува за поквалитетен образовен процес. Новата власт во Македонија на една од своите први седници ќе го укине ваквиот начин на екстерно оценување, а на учениците ќе им ги врати оценките – додава Тодоровски.
Тој дообјасни дека ќе има целосно поништување на оценките, и на оние кои влијаеле негативно, но и на оние кои влијаеле позитивно на крајниот успех на учениците внесен во сведителствата.