ОО на ЛДП со крводарителска акција ќе го одбележи 19-от роденден на партијата

Сподели со своите пријатели

По повод 19-от роденден на Либерално-демократската партија, Општинската организација од Куманово ги поканува своите членови, симпатизери и граѓаните на Куманово да земат учество во традиционалната крводарителска акција.

Истата ќе се одржи на 19 април 2016 година (вторник) во терминот од 10 до 12 часот во просториите на Одделот за трансфузиологија.

Во рамките на одбележувањето на 19-от роденден на партијата, Општинскиот одбор на ОО на ЛДП – Куманово ќе одржи и свечена седница.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.