ОО на Црвен Крст Куманово ќе постави десет санитарни јазли на премин Табановце

Сподели со своите пријатели

Десет тоалети, од кои пет машки и пет женски, ќе бидат поставени до понеделник на ГП Табановце Железница, откако се јави ургентна потреба да се излезе во пресрет на бранот мигранти кои се задржуваат на преминот во обид да ја преминат границата со Србија, соопшти денес Иле Митковски, секретар на ОО на Црвен Крст Куманово.

Loading...

Според Митковски, тоалетите кои ќе бидат изградени од лим и дрво ќе бидат поставени до понеделник, но и две чешми со четири чепови, за да се заокружи проектот за подобрување на условите на преминот Табановце, каде дневно транзитираат и до 1000 бегалци од Блискиот Исток.

– Поставувањето на мобилните шатори, тоалетите и чешмите на преминот Табановце го спроведуваме во соработка со УНХЦР. Мигранитите заслужуваат минимум човечки услови за нивно прифаќање, и ова е најмалку што можеме да сториме за овие луѓе, вели Митковски.

Од денес започна и поставувањето на четири мобилни шатори кои внатре може да соберат минимум 150 луѓе, кои ќе послужат како заштита од неповолните временски услови кога мигрантите чекаат на преминот се` до добивање знак дека може да навлезат во пограничната територија со Србија, од каде се упатуваат во Прешево.

Митковски најави дека ќе бидат додадени уште два шатори, кои ќе бидат распоредени на неколку точки околу ГП Табановце, веднаш до познатата бафер зона.

Во меѓувреме, грижа за мигрантите преземаат и граѓански активисти и НВО – а, кои во текот на 24 часа делат храна, вода и облека на бранот мигранти кои претежно доаѓаат од Сирија, но и Авганистан, Камерун, и Палестина.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.