ОО на Црвен Крст Куманово ќе постави четири бараки за мигрантите

Сподели со своите пријатели

Како што информира Општинската Организација на Црвен Крст Куманово, во текот на утрешниот ден, волонтерите од Црвен Крст Куманово утре на Железничка стaница Табановце ќе постават четири бараки за мигранти.

Loading...

Бараките според ОО на Црвен Крст ќе бидат  поставени со цел,мигрантите да имаат соодветно место каде да се одморат и да преспијат.

Обично во раните утрински или вечерни часови, мигрантите со воз од Македонија заминуваат за Србија , во намера да стигнат до европските земји и да побараат азил. Бараките ќе бидат таму се додека има мигранти, велат од ОО на Црвен Крст Куманово.

Инаку, според официјалните информации на МВР, волонтерите на ОО на Црвен Крст Куманово секојдневно интервенираат на ГП Табановце железница, откако со бранот мигранти се јави и потреба од помош во вид на санитет, вода и храна.