ОО на Црвен Крст Куманово додели помош на отсечените семејства во село Довезенце (фото)

Сподели со своите пријатели

Екипата на Општинската организација на Црвениот крст од Куманово излезе на терен во селото Довезенце, каде по обилните врнежи надојдените води на Крива Река го урнаа мостот кој ги поврзува двата краја на селото.

 

Loading...

ck2

 

Отсечени се 10 семејства, односно 32 луѓе и на истите од страна на Црвениот крст им беше поделена хуманитарна помош: 20 прехрамбено-хигиенски пакети, 50 кебиња, 150 литри флаширана вода и 30 кабаници.

 

ck5

 

Од ОО на Црвен Крст Куманово велат дека ќе ја следат состојбата и доколку е потребно додатно ќе интервенираат.

ck 1