Она што Фејсбук го знае за вас, го знаат сите

Сподели со своите пријатели

Американскиот NBC, повикувајќи се на документи кои ги има на располагање, открива дека Фејсбук користи приватни податоци на корисниците за да влијае на партнерите и конкурентите.

Loading...

Според зборовите на претставникот на каналот, тие имале можност да прегледаат 4.000 мејлови, веб-четови, презентации, табели и снимки од состаноци на раководството на Фејсбук, кои протекле на интернет.

Новинарите дошле до заклучок дека Марк Зукерберг и неговите менаџери ги „наградуваат“ компаниите партнери, отварајќи им пристап до податоците на корисниците. Од друга страна, пристапот до приватни податоци на корисниците на Фејсбук до конкурентски апликации, секако е затворен.

На пример, како што наведува NBC, Фејсбук отстапувал кориснички податоци на Амазон, која не штедела на рекламирањето на своите услуги кај нив.

Фото: Пиксабеј


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *