ОН: Жестоките борби во Газа не престануваат

Сподели со своите пријатели

Додека Израел и Хамас преговараа за привремен прекин на огнот во отсуство на долгорочен мировен план, борбите продолжуваат во Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа.

Loading...

Палестинската Црвена полумесечина рано утринава соопшти дека израелските сили го нападнале нивниот штаб во Кан Јунис „со артилериско гранатирање заедно со интензивен оган од израелски беспилотни летала, при што се повредени раселените лица кои барале безбедност во нашата зграда“.

Хуманитарната агенција на ОН OCHA објави дека „копнените операции, борбите и нападите се интензивирале“ околу јужниот центар на Газа, а израелската армија соопшти дека нејзините сили извршиле повеќе напади и ја презеле контролата врз командните центри на Хамас таму.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Австралија, Канада и Нов Зеланд бараат итен прекин на огнот во Газа

Жестоките борби се случуваат кога претставниците на Белата куќа треба да пристигнат во регионот на разговори за да се обезбеди ослободување на уште заложници, и додека американските медиуми известуваат за новиот израелски предлог за договор кој би вклучувал двомесечна пауза во борбите.

Агенциите на ОН и хуманитарните групи алармираат поради зголемената закана од болести и глад во Газа, каде што се проценува дека околу 1,7 милиони луѓе се раселени од своите домови.

Локалниот Абу Ијад, со предмети натрупани на количка со магаре, изјави за АФП дека тоа е седми пат кога се движи, бегајќи од Кан Јунис кон египетскиот пограничен град Рафах, каде што се населиле стотици илјади раселени Палестинци, многумина во импровизирани шатори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Австралија, Канада и Нов Зеланд бараат итен прекин на огнот во Газа

„Одам во непознатото“, рече тој. „Ни рекоа да одиме во Рафа, но каде во Рафа? Има ли уште простор?“

Војната на палестинската територија избувна со невидени напади на Хамас на 7 октомври, во кои околу 1.140 луѓе, главно цивили, ги загубија животите во Израел, според АФП врз основа на официјални израелски податоци.

Loading...

Семејствата на заробените Израелци вчера упаднаа на состанокот на парламентарната комисија, барајќи итна акција.

„Вие седите овде додека нашите деца умираат таму“, извикал Гилад Корнголд, татко на притворениот Тал Шохам, јави дописникот на АФП.

Американската новинска агенција Аксиос вчера вечерта објави дека Израел му предложил на Хамас, со посредство на Катар и Египет, нов договор за ослободување на сите заложници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Австралија, Канада и Нов Зеланд бараат итен прекин на огнот во Газа

Во извештајот, цитирајќи неименувани израелски официјални лица, се вели дека предложениот договор ќе биде спроведен во неколку фази и ќе вклучува ослободување на неодреден број палестински затвореници.

Се очекува реализацијата на планот да трае околу два месеци.

Предлогот не вклучува заложба за завршување на војната, но ќе вклучува намалување на присуството на израелски војници во поголемите градови во Газа и постепено дозволување на жителите да се вратат на разурнатиот север на Газа, се вели во извештајот на Аксиос.